На 15 Јануари 1997 година во Штип беше направен првиот кабелски приклучок во Р.Македонија.
Од скромна идеја на еден млад човек, кабелската телевизија Роби прерасна во успешна фирма која денес е присутна во речиси секое штипско домаќинство. Беше тешко, беше напорно, се чинеше невозможно да се влезе во секој дом, да се помине секој кров, да се убеди секој граѓанин да биде корисник на нешто што и самите едвај знаеја што е. Но, беше и голем предизвик, беше задоволство да се бројат договорите на крајот на денот, на крајот на годината, беше задоволство кога ќе се слушнеше добар збор за фирмата кој на скромната екипа од десетина млади луѓе и даваше поттик за понатаму.
Отткако мрежата во Штип беше претежно покриена, дојде нова идеја-почеток на кабелска мрежа во Битола. Во 1998 година почна да функционира кабелската телевизија МОБИ. И повторно на почеток но сега со стекнато искуство кое го пренесовме на вработените таму. Успехот не изостана и тука. Квалитетна мрежа, прекрасен тим за работа, задоволство да се има толку многу корисници.
Во 1999 година започнавме со изградба на кабелската мрежа во Св.Николе, а во 2001 се најдовме пред најголемиот предизвик-Скопје.
Со огромна желба за докажување, со неверојатна енергија и воља за работа, убедени дека можеме да го понудиме најдоброто во оваа област тргнавме во „освојување“ на Скопје.
Со мрежата на ТЕЛЕКАБЕЛ е покриено 60% од Скопје, приклучени се илјадници корисници на кабелска телевизија за само 5 години, има илјадници задоволни корисници на кабелски интернет за прв пат во Македонија пуштен токму во мрежата на Телекабел.
Кога станува збор за квалитетна кабелска мрежа може да се пофалиме дека нашата компанија не познава конкуренција бидејќи уште при изградбата на мрежите во сите градови кај што работиме таа е поставена по светски стандарди што подразбира претежно подземна инсталација, со квалитетни оптички и коаксијални кабли, во сите згради е поставена внатрешна инсталација, а засилувачите и пасивните елементи се со највисок квалитет. Доказ за квалитетот на мрежата е секако успешното функционирање на кабелкиот интернет во Скопје, Штип, Битола и наскоро во Св.Николе.
Од месец Октомври 2007 повторно за прв пат кај нас е понудена новата услуга - дигитална платформа, односно понуда на дигитални канали по желба на корисникот.
Следниот голем чекор кој го планирме и за кој вложуваме многу енергија и финансиски сретства е почнувањето со фиксна телефонија.
Со остварувањето на овој проект ќе им понудиме на гледачите комплетна услуга- кабелска телевизија, интернет и фиксна телефонија или познатата услуга „triple play“.
За овие 10-тина години постоење поставени се илјадници метри кабел, направена е инфраструктура која ги задоволува највисоките европски критериуми, поставени се централи во сопствени деловни простории кои се со висок квалитет, обучени се околу 130 вработени кои секојдневно се грижат за корисниците.
Да се опишат сите години работа со неколку реда е невозможно, но нашите резултати од тоа работење половина Македонија ги гледа и ги отценува секојдневно.